Три бронзи за Осенсеи на Балканското првенство во џиу џицу (ФОТО)

Натпреварувачите на Џиу џицу клубот Осенсеи од Штип освоија три бронзени медали на Балканското првенство во џиу џицу за У-12, У-18 и У-21 во Подгорица, Црна Гора.

Медалите за Осенсеи ги освоија: Нина Ташкова -кадети -63 кг, Филип Денков до 12 години, -52 кг и Стефан Донев до 12 години, -46 кг.

Ова е најдобар резултат на македонските клубови на Балканското првенство. Да посетиме дека Андреј Димитров од Дан кју го освои сребрениот медал. Покрај овие два клуба настапи и Такеда од Скопје.

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...