Тренерот на Кличко: Знаев дека ќе загуби од Тајсон Фјури

Личниот тренер на Владимир Кличко, Џонатан Бенкс, изнтесе интересни работи, односно неколку дена пред средбата на Украинецот со Тајсон Фјури бил свесен дека Влад ќе ги загуби светските титули.

Против Фјури Кличко не личеше на себе и си допушти пораз во 12 рунди, што беше прв за повеќе од 10 години.

„Беше четврток од неделата на мечот, кога дознав дека Владимир ќе загуби. Тоа ме погоди, како беа еден тон тули, дури не можам и да го опишам. Мени Стјуард не можеше да ми го опише чувството. Нема како да разбереш, ако не си во целосна синхронизација со борецот, изјави Бенкс.

„Се разбира, немаше како да му кажам на Владимир. Не може да се качиш на рингот со наведната глава и тажен. Не можеш да кажеш „заборави“. Треба да поминеш преку она што се наоѓа пред тебе и да видиш што ќе излезе. Може и да се случи нешто, за да биде избегнат поразот“.

„Онаа вечер веднаш разбрав што не е во ред со Кличко. Мани ми кажа една работа – „пред секој меч го гледам крајниот исход два дена порано“. Не можам да кажам кога точно доаѓа таквото чувство, но цело време беше во мојата глава. Едноставно, си реков – „по ѓаволите“. Уште пред средбата знаев дека тоа нема да биде нашата вечер“.

Бенкс смета дека статусот на аутсајдер на Кличко, најмногу и поради напредната возраст, всушност, може да му помогне.

„Истото беше кога Мајкл Мурер се бореше и загуби од Џорџ Фореман. Како и кога Фореман се бореше против Али. Има нешто посебно кога постариот човек не бега од битка. Ти треба да внимаваш со него. Има нешто што тој знае за што младиот боксер нема идеа. Верувам дека Владимир ќе го победи Џошуа. Откако загуби од Фјури, тој е сосема поинаков. Целосно е опседнат од таа вечер“, заврши Бенкс.

print