Трајан Ангелов е петти на Светското првенство во Атина!

Trajan Angelov Meckata

Трајан Ангелов -Мечаката е петти на Светкото првенство за ветерани во борење – слободен стил, кое се одржува во Атина-Грција.

aco i meckata

Борачот-ветеран на Бучим од Радовиш, Трајан Ангелов, во категоријата до 97 килограми во Д- дивизија (50-55 години), а нашиот репрезентативец има 53, забележа две победи. Во првото коло го совлада Раинбах Езалотах од Иран со 9-0, а потоа и претставникот на Австралија, Лазарос Пападопулос со 10-5. Во полуфиналето беше убедливо совладан од претставникот на Јужна Африка, Кристофер Сатон, со 10-0. Ако Ангелов се бореше потактички, немаше да се повреди и сигурно ќе ја добиеше борбата за бронзениот медал, која ја избуги со 3-1 од Игор Зандепријани од Казакстан.

Meckata so zavoi

Ова е голем успех на Трајанов, кој и покрај годините е во добра форма и кондиција, но и со голема мотивација, а во конкуренција на 13 борачи тоа не е мала работа.

povredata na meckata-arkadata

Да потсетиме дека нашите репрезентативци на СП во Лас Вегас имаа скор 44-1, загубени спрема добиени поени, а за победа и не стана збор.

Mecakata povreden so aco i trajanov

ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...