Трансроден средношколец по втор пат го освои боречкото првенство во женска конкуренција

Интересна вест доаѓаат од Америка, каде што трансродниот 18-годишник, Мек Бегс, по втор пат го освои боречкото натпреварување во женска конкуренција, иако веќе од порано е под терапија со тестостерон, поради транзиција од женско во машко лице.

Бегс досега е непоразен, а по освојувањето на титулата доби комбинација од овации и свирежи. Ја совлада истата девојка како во финалето минатата година, но интересно е дека тој не сакал да се бори во женска конкуренција, но во Тексас важат правилата кои не му дозволија нешто поинакво.

Имено, според законска регулатива, луѓето се натпреваруваат во конкуренција во рамките на својот пол кој им се наоѓа во изводот на родените. Бидејќи Бегс е роден како девојче, не му беше дозволен настап во машка конкуренција, за која сам се пријавил и се обидел да сиобезбеди право на настап. Наместо тоа, настапуваше во женска конкуренција, каде што се појавија многу критики, бидејќи е под терапија со тестостерон и со тоа автоматски има предност пред своите ривали, кој на крајот веројатно се рефлектира и на резултатите, односно постигнувањата.

Оваа сезона, сепак, една девојка одби да настап против Бегс, поради страв од повреда, додека минатата сезона тоа се случило двапати. Неговите родители повеќе пати лобирале до разни здруженија и комисии да се обидат на својот син да му осигурат настап во машка конкуренција, но не успеале. Бидејчи љубовта спрема борењето е голема, Бегс одлучил да се натпреварува во конкуренцијата каде што не сакал, а тоа е на крајот резултираше со два златни медали, но со многу голем број на негативни реакции, со какви што најверојатно ќе мора да се носи во текот на целиот живот.

print

Можеби ќе ви се допадне...