Тони Јока во Нант дојде до нова победа (ВИДЕО)

Тони Јока (7-0, 6 КО) во Нант го избоксира вториот меч по истекот на суспензијата поради избегнување на допинг тестовите.

Олимпискиот победник од Рио во средината на јули со прекин во третата рунда го совлада Александар Димитренко, а во својата седма професионална борба во истата рунда го нокаутира Михаел Валиш (20-3, 13 КО).

33-годишниот Германец загуби три од последните четири борби. Трите порази се случија во период од 10 месеци и во сите три е нокаутиран. Пред Французнот тоа го сторија Кристијан Хамер и Ефе Ајагба.

https://youtu.be/OBVReu1kUN4
print