Тони Фергусон: Хабиб ќе го победи Пориер

ММА ѕвездата Тони Фергусон – Караконџула, смета дека Хабиб Нурмагомедов – Орелот, ќе го победи Дастин Пориер – Дијаманот во борбата за титулата на УФЦ во лесна категорија на 7 септември во Абу Даби.

„Хабиб ќе победи. Пориер има многу добар бокс. Умее да врши притисок, но сметам дека Хабиб ќе успее да ја наметне својата борба. Ако Дастин не дејствува брзо, ќе го соборат на земја. А ако се најдете таму против Хабиб, тоа е готово“, рече Фергусон.

Се очекува Фергусон да се бори против победникот од овој меч. Во последната борба Караконџул го откажа Доналд Цероне.

print