Тони Фергусон со екстремно провокативна порака за Хабиб Нурмагомедов

Борбата меѓу Хабиб Нурмагомедов и Тони Фергусон се повеќе се наметнува, оти тоа е меч кој со сигурност ќе предизвика големо медиумско внимание.

Дагестанецот не е поразен во професионалната кариера и многумина веруваат дека единствено Фергусон може да му го нанесе првиот пораз.

Американскиот фајтер упати екстремно провокативна порака до Хабиб Нурмагомедов со која дефинитивно го повика на борба. Имено, Фергусон објави фотографија од сите крвави лица на неговите противници и под неа напиша: „Сигурен сум дека можеме да направиме место и за Хабиб. Дана Вајт, договори го овој меч“.

print