ТКД Бутел растури на „Астерикс опен“ – најдобра екипа на турнирот

Таеквондо клубот Бутел е севкупен победник на Меѓународниот турнир „Астерикс опен“ во Ниш, Србија, освојувајќи 12 медали – 7 златни, 4 сребрени и 1 бронзен во конкуренција на 800 натпреварувачи од над 100 клубови од повеќе држави.

Медалите ги освоија: Коки Георгиевски, Марко Стевиќ во две категории, Филип Додевски, Аврамовски Марко, Иван Крстевски и Фросина Раевска – златни медали.

Сребрени медали: Ања Русовска, Ненад Мрчковски, Дамјан Раевски и Аида Ганиќ.

Филип Блажевски се заќити со бронза

Сите медали се освоени во А-класа.

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...