Тито Ортиз: Немам никаква предност на Мек Џери

tito-ortiz-smile

Поранешниот шампион во полутешката категорија на УФЦ и актуелен борец во Белатор, Тито Ортиз, ќе се бори за титулата овој викенд на Белатор Дајнамајт против шампионот Лиам Мек Џери.

Мек Џери се уште не знае што е пораз, но и Ортиз е во победничка серија и целта му е нов шампионски појас.

Ортиз даде чуден одговор кога беше запрашан од новинарите на Yahoo! Sports, тврдејќи дека не во предност пред Мек Џери.

„Немам предност во ниту еден сегмент. Мислам дека мојата единствена шанса е да користам грешките кои може да ги нарпави за време на средбата. Не барам предност. Тој е одличен борец.

Можев да добијам полесен меч. Можев да се борам со некого како Кимбо или Кен Шамрок или Френк Шамрок. Но, тие се лесни. Зошто да се борам против лесни противници? Сакам да се борам со најдобрите во светот, тоа го правам во текот на целата кариера“?

print

Можеби ќе ви се допадне...