Технички туш за Реџелари и Зубаиров на Светското првенство

Iasin Redzelari na SP Las vegas

Јасин Реџелари (- 61 кг) е поразен во шеснаестинафиналето од Јапонецот Масакзу Камои со технички туш (10-0) на Светското првенство во борење во Лас Вегас. Нашиот борач имаше поволен жрбе и стартуваше директно од осминафиналето, но јапонскиот борач беше супериорен и заслужено салвеше.

И вториот наш натпреварувач доживеа пораз со технички туш во шеснаестинафиналето, Халил Зубаиров (-86 кг) беше поразен од Азербејџанецот Магомедгаџи Катијев со 10-0. Тоа значеше и трет пораз за македонските борачи на Светското првенство.

Сепак, Зубаиров има шанси да се бори во репасажаот, бидејќи неговиот противник е полуфиналето и ќе се бори со Селим Јашар од Турција, ако отиде во финалето нашиот репрезентативец има шанса да го поправи впечатокот.

Дејан Митров (-65 кг) вчера не се појави на душекот, а од нашиот стручен штаб не добивме информација, иако ветија дека по финалните борби ќе излезат со став.

Неофицијално, Митров не можел да ја симне килажата, иако отпатува со повреда. Се  правеле обиди тој да настапи во категоријата до 70 кг, но повторно не е на листата и за оваа категорија.

За оваа случка веќе има реакции во домашната јавност, но и за целокупниот настап нанашите репрезентативци, кој, досега, е поразителен 3-0, односно три настапи и исто толку порази, а очекувавме олимписка норма.

Јасин Реџелари (- 61 кг) е поразен во шеснаестинафиналето од Јапонецот Масакзу Камои со технички туш (10-0) на Светското првенство во борење во Лас вегас.  Нашиот борач имаше поволен жрбе и стартуваше директно од осминафиналето, но јапонскиот борач беше супериорен и заслужено салвеше.

И вториот наш натпреварувач доживеа пораз со технички туш во шеснаестинафиналето, Халил Зубаиров (-86 кг) беше поразен од Азербејџанецот Магомедгаџи Катијев со 10-0. Тоа значеше и трет пораз за македонските борачи на Светското првенство.

Сепак, Зубаиров има шанси да се бори во репасажаот, бидејќи неговиот противник е полуфиналето и ќе се бори со Селим Јашар од Турција, ако отиде во финалето нашиот репрезентативец има шанса да го поправи впечатокот.

Пропадна и оваа шанса, Бидејќи Катијев загуби тесно во полуфиналето од финалистот Селим Јашар од Турција со 4-5, аико до пред самиот крај имаше водство од 4-1.

Дејан Митров (-65 кг) вчера не се појави на душекот, а од нашиот стручен штаб не добивме информација, иако ветија дека по финалните борби ќе излезат со став.

Неофицијално, Митров не можел да ја симне килажата, иако отпатува со повреда. Се  правеле обиди тој да настапи во категоријата до 70 кг, но повторно не е на листата и за оваа категорија.

За оваа случка веќе има реакции во домашната јавност, но и за целокупниот настап нанашите репрезентативци, кој, досега, е поразителен 3-0, односно три настапи и исто толку порази, а очекувавме олимписка норма .

ipon.mk/В.Д.

  

print

Можеби ќе ви се допадне...