Теншин Насукава со уште еден спектакуларен потег влезе во финалето на Ризин (ВИДЕО)

Теншин Насукава се пласира во финалето на турнирот на Ризин на осумината во категорија до 58 килограми.

Откако во четвртфиналето во март со удар со превртување го нокаутира Аргентинецот Федерико Рома, 20-годишниот Јапонец во Осака со уште еден спектакуларен потег се избори за финале.

Насукава (32-0) со ролинг тандер/тркалачки гром во третата рунда му направи голема исеченица на челото на Тајландецот Серким ПК Саенчаимајтајџим, по што борбата беше прекината.

Во финалето ќе се бори против Шира кој има судиска помош при победата над Рунгкит Вор Санпрапаи.

print