Теди Ринер по осми пат стана светски шампион во џудо!

Tedi riner fr

Французинот Теди Ринер стана светски шампион во џудо во категорија над 100 килограми, победувајќи го во финалето Рју Шичинохе од Јапонија. Бронзени медали освоија Јаков Хамо (Украина) и Адам Окруашвили (Грузија).

Ова е осмата светска титула на 26-годишниот Теди Ринер, кој е висок 203 сантиметри и денес на вагата тежеше 141 килограми. Теди Ринер е „човек на рекорди“ – во 2007 година тој стана најмладиот џудист кој ја освоил светската титула. Тогаш Ринер имаше 18 години. Теди Ринер е и олимписки шампион од Лондон – 2012.

print

Можеби ќе ви се допадне...