Тајсон ја прогнозира средбата Флојд-Мани! (ВИДЕО)

F

Еден од најдобрите боксери на сите времиња, Мајк Тајсон, ги изрази своите очекувања за мечот на векот меѓи Флојд Мејведер и Мани Пакијао.

Двajцата легендарни боксери во полусредна категорија, заедно шампиони на светот во 13 категории, конечно ќе се соочат на 2 мај во Лас Вегас.

Тајсон, најмладиот светски шампион во тешка категорија во историјата на боксот, смета дека Мејведер има шанси против Пакијао само ако тој е агресивен и упатува удари од почетокот на борбата.

„Боксерите кои му правеа проблеми на Пакијао за време на неговата кариера се оние кои имале повеќе од 100 удари во секоја рунда. Флојд нема ниту приближно толку удари во една рунда. Тој повеќе сака да се извлече и да чека, а Мани постојано се движи, насекаде во рингот. Флојд мора да се бори или ќе ја изгуби рундата кога бега. Мора да го удира, да се движи“, рече легендарниот Мајк Тајсон.

http://youtu.be/gSLaIpFM66k

print

Можеби ќе ви се допадне...