Тајсон Фјури: 100 отсто ќе се борам со Вајлдер (ВИДЕО)

Британецот Тајсон Фјури (26-0, 19 KO) ќе се сретне со Американецот Дионтеј Вајлдер (40-0, 39 KO) во наредната борба, ако во сабота го победи Италијанецот Франческо Пијанета.

Поранешниот светски шампион на ВБА, ИБФ, ИБО и ВБО во тешка категорија на 18 август ќе се бори против Италијанецот кој живее во Германија Франческо Пијанета пред 26 000 гледачи на „Виндзор парк“ во Белфаст (Северна Ирска).

Ако се помине според планот, тогаш Фјури ќе стане 8-ми предизвикувач за титулата на шампионот на ВБЦ, кого тој го нарекува „Бијонсе“, во Лас Вегас на 10 или 17 ноември.

„100 отсто е планот да се сретнам со Вајлдер до крајот на годината. Борбата со него ќе се случи и тоа не е некој маркетиншки трик. Ако нашата средба немаше да се одржи, не би рекол такво нешто. Ако го победам Пијанета, ќе има борба“, вели Тајсон Фјури.

Британецот не престанува да размислува за неговиот меч со Вајлдер.

„Само мислам како да го нокаутирам Вајлдер. Способен сум да го направам тоа и сите ќе го видат“, додаде Тајсон Фјури.

Самиот Дионтеј Вајлдер потврди дека ќе дуелот Фјури – Пијанета во Белфаст.

Ако победи Фјури, се очекува Вајлдер да влезе во рингот и официјално го објави мечот меѓу двајцата непоразени боксери.

.

print

Можеби ќе ви се допадне...