Тајсон Фјури: Ќе го нокаутирам Ентони Џошуа

Откако шампионот на ИБФ, ИБО и ВБА во тешка категорија Ентони Џошуа ја одбрани титулата против Карлос Такам со технички нокаут во 10-тата рунда изминатиов викенд, шампионот на ВБЦ Дионтеј Вајлдер и шампионот на ВБО Џозеф Паркер беа посочени за негови потенцијални ривали во 2018 година.

Меѓутоа, сега, сонот за средба со Џошуа со поранешниот шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури, може да биде вистинска можност. Фјури не излегол на рингот откако го победи Владимир Кличко во 2015 година. Во моментов тој е суспендиран, бидејќи во јули оваа година беше фатен дека употребува кокаин.

https://www.instagram.com/p/Ba6OsSmD4ZV/

Тоа изгледа не му пречи Фјури и денес излезе со интересна публикација на Инстаграм, споредувајќи ја евентуалната средба меѓу него и Џошуа со легендарната битка меѓу Мухамед Али и Џорџ Форман од 1974 година.

„Еве што претстои! Стариот шампион се враќа, за да се спротивстави на човекот за кого сите мислат дека ќе ме нокаутира, како што беше и во битката меѓу Али и Форман – елегантниот Али против мумијата Форман! Сите знаеме што се случи во оваа битка! Знам дека сите мислите дека ќе ме скрши, но јас не сум исплашен од некакви мускули, а и го имам менталитетот на победник, јас сум човек кој никогаш не губел борба. Вистинскиот шампион се враќа, за да го врати престолот. Тоа е мојата ера, тие живеат во моето време, ќе ги уништам. Џошуа и Вајлдер, доаѓам за двајцата и единствената мисија ми е да го уништам секого што ќе ми се испречи на патот. Има само еден победник и тоа се навивачите! Ајде повторно да ја направиме тешката категорија голема, нека се борам со најдобрите во категоријата, Фјури = апсолутен шампион. Џошуа = ИБФ-ИБО-ВБО-ВБА, Вајлдер = ВБЦ, Паркер = ВБО. Но да бидам искрен, Паркер едноставно е младо момче и не е во мојот видокруг, мора малку да собере искуство и зрелост, за да стане голем и силен маж. Ќе си ја земам судбината во свои раце. Најдобриот нека победи и среќа на сите. Во 2018-2019 година светот сака да ги види најдобрите битки и тогаш луѓето ќе дознаат кој е кралот во тешка категорија“, се вели во статусот на Фјури.

https://www.instagram.com/p/Ba5Gyb7Dx4j/

.

print

Можеби ќе ви се допадне...