Тајсон Фјури собра друг дебелко за тренинг – Рики Хатон (ВИДЕО)

Поранешниот светски шампион во тешка категорија Тајсон Фјури направи сериозно враќање. Последниве денови Кралот на Циганите не престанува да пушта фотографии и видеа на кои се гледа како тренира.

Во еден од неговите последни настапи на социјалните мрежи Британецот се сними со друг боксер кој беше на потсмев за прекумерната тежина, кога беше активен – Рики Хатон. Тие направија заеднички тренинг. Интересно, фотографијата покажува колку килограми симнале Фјури и Хатон.

„Изгледаш одлично, Рики. Двајцата сме во одлична форма. Сакам да тренирам“, напиша под коментарот Фјури, кој ја стопира серијата на победи со Владимир Кличко во ноември 2015-тата. Тоа беше и последниот меч на скандалозниот Англичанец.

.

print

Можеби ќе ви се допадне...