Тајсон Фјури се надева дека ќе најде подобар противник за 18 август

Поранешниот шампион во тешка категорија Тајсон Фјури (26-0, 20КО) се надева дека ќе најде подобар противник за неговата втора борба по враќањето на 18 август.

Фјури се врати во рингот пред две недели, кога успеа да го порази Сефер Сефери во само 4 рнди, при што неговиот противник одби да ја продолжи борбата.

Ова беше прва средба на Фјури од крајот на 2015 година, кога во Германија со одлука на судиите го совлада Владимир Кличко.

29-годишниот Фјури славеше во претходните три меча во Белфаст, каде што повторно ќе се бори во август. Вториот беше против Кевин Џонсон на крајот на 2012 година:

„Последен пат тука бев пред 6 години – секогаш се чувствувам пријатно. Ќе биде уште попријатно, бидејќи сега се враќам како шампион“.

„Се надевам дека овој пат ќе најдам некој кој ќе бори со мене, ќе ме удри, ќе ми го скрши носот или ќе ги раскине моите усни …“.

Тој не беше доволно убедлив против Сефери, а Ворен додава:

„Сè уште има нешто се дотера. Досега тренираше за да се врати – сега ќе тренира за да се бори, тоа е разликата“.

„Ќе видиме. Ако Ворингтон победи, ќе се бориме со него. Утре ќе се сретнам со Џош“.

На истата листа во август, Педи Барнс ќе се бори за прв пат за титулата. За само шест месеци во професионалните боксерски води и веќе ќе се бори против шампионот на ВБЦ во мува категорија, Кристофер Росалес.

print

Можеби ќе ви се допадне...