Тајсон Фјури се закани дека ќе му ги скрши забите на Еди Херн

Тајсон Фјури ја продолжи вербалната војна со Еди Херн, кој е промотор на шампионот во тешка категорија Ентони Џошуа. Пред извесно време Херн го критикуваше Фјури, кој се одлучи да се бори против непознато име како Том Шварц на 15 јуни во САД.

Фјури повторно го зајаде Херн и му се закани, ако не се смират, дека ќе му ги скрши забите на Еди кој паѓа на мажи.

„Еди Херн е фан. Херн припаѓа по мене и тоа е тоа. Кога некој фантазира за друга личност, тоа го тера да зборува лоши работи. Секогаш ќе му одговорам на Еди кога ќе слушнам дека зборува лошо за мене. Сето ова е затоа што тој паѓа на мене. Дали е тоа Еди? Кога ќе го видам, ќе му дадам билети за мојата борба и ќе го ставам близу до рингот. Сето тоа е завист, затоа што Еди не може да се бори.

Том Шварц ќе му удри кроше и ќе го патосира Херн и ќе го прикови за креветот една недела. Херн никогаш во живот немал борба и нема да обраќам внимание на она за што зборува. Ми скискна од овие глупави игри. Мораме да се смириме, или ќе ги скршам забите, кога ќе го видам“.

print