Тајсон Фјури објави кога ќе се одржи реваншот со Дионтеј Вајлдер

Еден од најпопуларните боксери во тешка категорија Тајсон Фјури објави кога ќе го одржи долгоочекуваниот реванш против светскиот шампион во ВБЦ, Дионтеј Вајлдер.

Спектакуларна втора битка меѓу нив ќе се одржи на 22 февруари 2020 година во Лас Вегас, сè додека двајцата не ги поминат своите следни противници. На 14 септември Фјури ќе се соочи со Ото Валин, а Вајлдер има уште еден реванш пред него, во средба со кубанскиот тешкаш Луис Ортиз во ноември.

Самиот Фјури објави дека договорот со Вајлдер е склучен за време на неговото гостување на „Сега или никогаш“ на ЕСПН. Британецот не прпушти за до задева својот противник.

„Омилена особина на Вајлдер се нозете. Тие се толку слаби, што чувствувам дека ќе му ги скршам со еден лоу кик“, рече Фјури.

Како што знаете, првиот дуел минатиот декември меѓу нив заврши со контроверзна одлука – нерешено, при што Фјури се чувствува ограбен од судиите, а Вајлдер сметаше дека успеал да го нокаутира противникот во последната рунда.

print