Тајсон Фјури до Дионтеј Вајлдер: Не посирај се токму сега

Поранешниот светски шампион во тешка категорија Тајсон Фјури ги започна подготовките за новата борба против шампионот во тешка категорија Дионтеј Вајлдер. Минатиот месец имаа одличен меч, но без победник. Фјури доминираше, а два пати беше и во нокдаун, а во целост навивачите беа поделени по прашањето кој е победникот. Од нерешениот резултат и двајцата беа незадоволни, така што добија дозвола од ВБЦ за реванш кој ќе се одржи напролетен или налето. Има време до тогаш, а Фјури предупреди дека не треба во моментов не треба да чувствува глад за борба.

„Добро тренирам и ја одржувам моја форма. Мислам дека сега си ја вратив мојата форма од порано. Подготвен сум да се борам. Вајлдер, да ја направиме оваа битка. Не се посирај сега, пријателе“.

Фјури во моментов е во Шпанија, каде што се подготвува. Очигледно е загрижен од тоа Вајлдер да не ја избере борбата против Џошуа во април и одлучи да го потсети дека имаат незавршена работа.

print