Тајсон Фјури: Дионтеј Вајлдер е најдобар, но по мене

Поранешниот шампион во тешка категорија Тајсон Фјури му честита на Дионтеј Вајлдер кој вчера ја забележа една од највпечатливите победи во Њујорк. „Бронзениот бомбардер“ брутално го нокаутира Доминик Бризил во првата рунда и ја одбрани титулата во тешка категорија на ВБЦ.

Борбата на Фјури и Вајлдер во декември минатата година заврши нерешено. Тие преговараа неколку месеци, но доде до реванш меч. Фјури на 15 јуни ќе се бори против Том Шварц.

„Добра работа од страна на Вајлдер, кој успеа да го нокаутира Бризил. Мојата прогноза се покажа точна. Секој кој се соочува со Дионтеј ќе ја има истата судбина. Џошуа и тебе те очекува истото. Вајлдер е најстраотен и со најсилен удар во тешка категорија. Штета, ќе загуби од мене. Вајлдер е вториот најдобар боксер во светот по мене. Никој не може да ме победи. Не можат да ме допрат“, рече Фјури во честитката до Вајлдер.

https://www.instagram.com/p/Bxo-5ORFLLe/?utm_source=ig_embed
print