Тајсон Фјури: Дајте му на Џошуа два чекани и пак нема да ме победи (ВИДЕО)

Поранешниот шампион во тешка категорија Тајсон Фјури е убеден дека првакот во тешка категорија на ВБА, ИБФ, ВБО и ИБО, Ентони Џошуа нема да може да се справи со него во рингот. Фјури се покажа многу добро издание против Вајлдер, но едвај се подигна на нозе кога Вајлдер по втор пат го испрати во нокдаун. Се очекува нивниот реванш оваа година, но Тајсон го фикисрал и ЕЏ. „Џипси кинг“ тврди дека дури и со два чекани во рацете Џошуа не може да го победи.

„Веќе го победив Вајлдер и еден е долу. Ќе го направам истото и со Ентони Џошуа, ако добијам шанса, но не мислам дека тоа ќе се случи. Жалам што ќе ги разочарам приврзаниците на боксот. Џошуа дури и со два чекани во рацете нема да може да го победи Тајсон Фјури и го знаат тоа. Тоа е спорт, но и бизнис, и нема да ја прифатат оваа битка. Може да велат дека ќе ја прифатат борбата, но на крај ќе се борат со друг. Оваа битка нема да се случи“.

https://twitter.com/BTSportBoxing/status/1083803083451305984?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed&ref_url=https%3A%2F%2Fmma.bg%2Fnovini%2Fboks-novini%2Ftyson-fury-dayte-na-joshua-dva-chuka-i-pak-nyama-da-me-pobedi

.

print

Можеби ќе ви се допадне...