Тајсон Фјури го откачи Тони Белју: Нема титули!

Тајсон Фјури му кажа на Тони Белју да олади за меч против него. Поранешниот светски шампион во тешка категорија се врати по победата над Сефер Сефери пре днеколку недели. Британецот има покани за средба од неколку врвни имиња.

Меѓу нив беше и Белју.

„Белју нема никакви титули затоа борба со него е бесмислена“, прокоментира Фјури.

„Што ќе добијам, ако го победам? Тој е помал од мене, па сите ќе очекуваат само победа. Нема да се борам со него. Ако веќе морам, ќе го удирам по главата додека не заплаче. Под услов Белју да ги чита овие мои зборови, ќе му кажам дека сум подготвен да се бориме кога ќе каже и каде ќе каже. Но ако ти само сакаш да заработиш пари, тогаш нема борба. Ако сте сериозни и сакате да се борите, тогаш ќе се сретнеме без пари“.

Следниот натпревар на Фјури ќе се одржи на 18 август во Белфаст. Самиот боксер се надеваше дека ќе има покласа ривал.

print

Можеби ќе ви се допадне...