Тајсон смета дека Џошуа ќе го победи Руиз во реваншот

Легендата Мајк Тајсон изјави дека Ентони Џошуа ќе го победи Енди Руиз – Јуниор во реваншот за светските титули во тешка категорија. Првиот меч заврши шокантно. Мексиканецот победи со технички нокаут на 1 јуни.

„Џошуа напарви грешка. Тој пропушти удари. А тоа се случува. Способен е да победи во реваншот, но неговите мисли треба да се во ред. Нема да победи, ако во неговиот мозок е каша-попара. Должен својот живот е да му го посвети на боксот. Кога тренирате одите далеку. Се криеме по планините и се обидуваме да се оддалечиме од сè. Во планината си веднаш до природата и животните. Токму таму можете да се борите со сопствените демони“, рече Тајсон.

print