Тајрон Вудли го тренира Мејведер за дебито во ММА (ВИДЕО)

Какви се шансите да го видиме Мејведер во ММА? Се чини дека тие почнаа да се зголемуваат откако Тајрон Вудли изјави дека почнал да го тренира Флојд за борба во ММА.

„Флојд Мејведер има интерес да земе неколку лекции по ММА. Кој подобро ќе го подготви од Избраниот? Се видовме на една забава и разговаравме за ММА, по што се согласивме да се тренираме заедно. Јас ќе го подготвам за ММА. Сите мислат дека ова е шега, но Флојд Мејведер е еден од најдобрите во стој во историјата. Има многу УФЦ борци кои имаат само стој и кога излезат само со тоа заглавуваат.

Веќе добро се согласуваме и работиме на ударите со нога, за да може да го блокира. Да може да знае кога противникот се подготвува да го удри со ногата. Второ, работиме на на одбраната од соборување. Откако ќе бидеме подготвени, тој ќе избере противник и ќе направи стратегија за битката“.

.

print

Можеби ќе ви се допадне...