Татко му на Хабиб откри тактики за мечот со Пориер

Таткото на Хабиб Нурмагомедов, Абдулманап, откри извонредни подобрувања направени од непобедливиот Русин пред мечот со Дастин Пори. Борбатаза титулата во лесна категорија УФЦ ќе се одржи на почетокот од септември. Ова ќе биде првиот дуел за Орелот по казната за средбата со Конор Мек Грегор.

„Завршивме огромен обем на работа. Хабиб беше со семејството. Трчаше по терените од неговото дество. Го познава секој чекор. Тоа беше прекрасен месец, во кој беше акумулиран потребниот волумен на физичка подготовка“, рече Абдулманап Нурмагомедов.

Хабиб Нурмагомедов моментално е во САД и тренери со тренерот Хавиер Мендез.

„Треба да се спомене дека Хабиб расте во однос на ударните техники. Имаме некои домашни подготовки и изненадувања за Дастин Пориер. Ќе ги видите во средината на втората и почетокот на третата рунда. Тогаш Хабиб ќе се вклучи на турбо режим. Зошто Хабиб не треба да работи со колена и удари со нога? Добро е да ги добие овие удари“, вели татко му.

Битката за титулата е на 7 септември во Абу Даби.

print