Татко му на Хабиб ги негира гласините за повлекување

Таткото на Хабиб Нурмагомедов, Абдулманап ги негираше гласините за прекинување на кариерата на руската ММА суперѕвезда. Во интервју, Орелот откри дека има можност да ги стави ракавиците во центарот на октагонот по можниот следен меч со Тони Фергусон.

„Ќе се бориме уште две години“, рече за ТАСС Абдулманап Нурмагомедов, кој е тренер на шампион во лесна категорија на УФЦ.

Најверојатно следниот меч на Нурмагомедов ќе биде во март или април. Негов противник се очекува да биде Тони Фергусон, но сè уште не е постигнат официјален договор.

Нурмагомедов има 28 победи на 28 мечеви во ММА.

print