Татко му на Нурмагомедов: Хабиб ќе се погриже да го раскине договорот со УФЦ

Абдулманап Нурмагомедов, татко и тренер на шампионот на УФЦ Хабиб Нурмагомедов, ја коментира казната на неговиот син од Атлетска комисија на Невада за немилите сцени на УФЦ 229 во Лас Вегас.

„Дали одлуката на Комисијата е фер? Вие сами гледате каква е разликата – и по рокот на дисквалификација, а и по сумите со кои се казнети двајцата натпреварувачи. Не се согласувам со овие одлуки. Видете – тимот на Хабиб е казнет со 550.000 долари, а овој на Мек Грегор – се на се 50.000. Тоа е неправедно, имаат двоен аршин и тоа го гледаат сите“, изјави таткото на Хабиб за Р-спорт.

„Неопходно е да се намалат казните. Всушност, изгубивме 4 месеци.

Ќе видиме што ќе направат. На Хабиб му остана да одржи уште една борба во УФЦ. Ќе се обидеме да го ослободиме од договорот со УФЦ“, додаде Абдулмап Нурмагомедов.

print