Таеквондо репрезентацијата на Светското првенство во Манчестер пред историски предизвик

Македонската таеквондо репрезентација вечерва отпатува за Манчестер-Англија, на Светското сениорско првенство во таеквондо кое се бодува за Олимписките игри во Токио 2020 година.

Репрезентативниот тренерскиот тандем  Борче и Дарко Костовски во Манчестер ги водат:

Дејан Георгиевски (+87 кг) кој е европски шампион од 2018 година на ЕП во Бугарија;

Филип Додевски (-87 кг) носител на златен медал од Европското клупско првенство 2019 во  Грција и

Анамарија Георгиевска (-62 кг), бронзен медалист од Светско јуниорско првенство 2018 во Тунис.

Сите се од ТКД Бутел.

На Светското првенство, кое е во тек и ќе трае до недела 19 мај, ќе настапат натпреварувачи од 150 држави во светот.

print