Таеквондо репрезентативците ги полнеа батериите и спарингуваа со светските ѕвезди на летниот камп „Галеб 2019“

Петмина македонски репрезентативци учествуваа на летниот таеквондо камп „Галеб 2019“ во Србија, и тоа: Дејан Георгиевски, Филип Додевски, Анамарија Георгиевска, Иван Крстевски и Марко Аврамовски, како  и тренерите Борче и Дарко Костовски.

На овој камп учествуваа 600 таеквондисти од целиот свет, меѓу кои и суперѕвезди како олимписката шампионка Милица Мандиќ од Србија, светскиот шампион Мехди Кобајаши од Иран, светскиот медалист и олимпиец Иван Трајковиќ и од Словенија и многу други светски и европкси медалисти. Нашите репрезентативци ја искористија оваа можност да спарингуваат со ѕвездите наовој спорт,па така Дејан спарингуваше со Кобајаши, Анамарија со Мандиќ и Филип со Трајковиќ, што е од големо значење за нивниот развој.

Од таборот на македонската репрезентација истакнуваат дека нашите репрезентативци достоинствено се носеле со овие големи имиња во овој олимписки спорт.

„Од овој камп се враќаме со големо искуство и нови спзнанија од едни од најдобрите тренери во таеквондо во светот, како Драган Јовиќ и Реза од Иран.

По четиринеделни домашни подготовки, кои почнаа во почетокот на јули, македонскиот тим замина на десетдневен камп во Охрид, оттаму продолжи на овој летен камп „Галеб 2019“, уште 8 дена, со што се на се базични и специфични подготовки има веќе 45 дена. Следи период исклучиво на специфични допопнителни подготовки во Скопје и со Господ напред сезоната за 2019 на таргет турнири за насите репрезентативци ке биде:

Европско првенство У-21 во Шведска, Г-1 турнири во Албанија, Босна и Србија, Европското сениорско првенство во Ирска, Европското јуниорско првенство во Шпанија и Гранд при турнирот во Софија. Сите наведени турнири се за бодови кои не носат поблиску до олимписка норма во Токио 2020“, велат од нашата репрезентација.

Ipon.mk

print