Таеквондиостите на Бутел на Г-1 турнир во Зеница по олимписки бодови

Најдобрите македонски таеквондисти од ТКД Бутел  викендов учествуваат на Меѓународниот турни „Опен клас Г1“, односно Светскиот куп во Зеница, Босна и Херцеговина.

Боите на Македонија ќе ги бранат Филип Додевски (-87 кг) и

Анамарија Георгиевска (-67 кг) во сениорска конкуренција, а Филип Стаменов (-73 кг) и Марко Аврамовски (-59 кг) во јуниорска.

Конкуренцијата е голема бидејќи турнирот носи бодови за олимписка норма. Нашиот најдобар натпреварувач Дејан Георгиевски ќе одмора уште две недели и ќе стартува на „Србија опен“, исто така  Г-1 турнир на 27 октомври.

Ipon.mk

print