Суспендираниот Страшо Глигоров: Одлуките на УО на ФБСМ се целосно неосновани, непоткрепени, необразложени и паушални во целост

По повод текстот обајвен во Ipon.mk „Олимпија суспендирана поради неплаќање на казните, Страшо Глигорв со двегодишна забрана“ на 11 април 2019 година истакнувам дека одлуките на Управниот одбор на Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ) под раководство на Бетим Вренези и Дејан Богданов, се целосно неосновани, непоткрепени, необразложени и паушални во целост, вели суспендираниот Страшо Глигоров, прв човек на БК Безбедност и поранешен дрикретор на репрезентрацијата.

„Одлуките на Дисциплинска комисија (арх.бр. 84/0202 од 25.03.2019  година) и Управниот одбор на Федерацијата за боречки спортови на Македонија (арх.бр. 90/0202 од 06.04.2019 година), покрај тоа што се целосно неосновани, непоткрепени, необразложени и паушални во целост, туку содржат и елементи на неточни, бесправни и лажни информации. Покрај тоа, иако Дисциплинската комисија во својата одлука, никаде не констатира, односно не наведува кој член од Дисциплинскиот правилник е прекршен, претседателот на Федерацијата Бетим Вренези и Управниот одбор Федерацијата, без право се впуштаат во расправа за евентуална повреда на Дисциплинскиот правилник.

Притоа, иако без нивно право, тие го наведуваат член 18 од Дисциплинскиот правилник, а притоа не дават образложение поткрепено со докази за времето, местото и дејствието кое е сторено. Дисциплинската комисија е таа која требало да го утврди кој член е повреден со кое дејствие и кои докази се стават, а тоа Дисциплинската комисија не го направила.

На крајот, сакам јасно да истакнам, како општествена и одговорна личност и човек кој цврсто се бори за правните и етичките норми, како и за олимписките вредности, дициплинската постапка и против Боречкиот клуб Олимпија од Штип и нејзините членови е спорна од повеќе правни процедури, односно при постапката не се почитувани сите факти, докази и правни процедури, со што е нанесена голема неправда“, вели Страшо Глигоров, додавјќи дека сепак на крајот ќе победи правдата.

ДО

Ова е жалбата на Глигоров до ФБСМ кој ви ја пренесуваме во оргинална форма:

Федерација на боречки спортови на Македонија (ФБСМ)

Преку Дисциплинска комисија до Управен одбор на ФБСМ

Ул. 1732, бр. 4, 1000, СкопјеСогласно член 45 од Дисциплинскиот правилник на Федерацијата на боречки спортови на Македонија, а во определиниот рок, благовремено изјавувам .  

Ж А Л Б А

                                                        Против:

ОДЛУКА архивски број на ФБСМ: 84/0202 од 25.03.2019 година,

донесена од  Дисциплинската комисија на ФБСМ

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Изречената дисциплинска казна со архивски број на ФБСМ 84/0202 од 25.03.2019 година, од страна на Дисциплинската комисија е НЕОСНОВАНА, НЕОБРАЗЛОЖЕНА И ПАУШАЛНА ВО ЦЕЛОСТ.

Во одлуката на Дисциплинската комисија не се наведуваат членови од Дисциплинскиот правилник (во натамошен текст ДП) кои се повредени а со тоа не се посочуваат ни соодветни докази за дејствија сторени од моја страна со кои наводно е сторена дисциплинската повреда. Во постапката пред Дисциплинската комисија (во натамошен текст ДК), покрај моето сослушување не се изведоа докази согласно член 33 став 1 од ДП, со тоа што не се сослушаа подносителите на пријавата и не се изврши наше соочување. ДК заседаваше, спротивно на одредбите од член 5 ста 1 од ДП, со тоа што при моето сослушување а видно и од одлуката бр. 84/0202 од 25.03.2019 година, стои дека комисијата работела со 3 члена иако во наведениот член и став (5 став 1), е изричито наведено дека одлуката е полноважна ако се присутни сите членови на ДК, која е составена од 5 члена – согласно член 4 став 2 од ДП.

Донесената дисциплинска казна е паушална, необразложена и неоснована, поради фактот што не се наведува поради што, односно поради кое поведение (дисциплински прекршок) од дисциплинскиот правилник на ФБСМ е донесена, кои членови од ДП се прекршени и во кои членови од ДП е предвидена соодветна санкција за тој прекршок.

Покрај тоа, во образложението Дисциплинската комисија дава НЕОСНОВАНО И ПАУШАЛНО тврдење, спротивно на статутот на ФБСМ.

Имено, комисијата тврди, цитат “функцијата спортски директор што Страшо Глигоров во тој период ја вршел и со тоа бил одговорен за правилно функционирање на органите и телата во ФБСМ”, никаде во актите не е предвиден како засебен орган или тело и за истата функција не се јасно определени надлежности и задачи во вршење на истата.

Во Статутот на ФБСМ, како органи на федерацијата во член 19 се предвидени Собрание, Управен одбор и Надзорна комисија. Во натамошниот дел од Статутот се определени надлежностите на овие органи, но никаде не е предвидена Функција спортски директор.

Во делот на стручните служби, Статутот на ФБСМ во членовите 47, 48, 49, 50 и 51 е регулирано правото за избор и именување на Генерален секретар со сите права и обврски во наведените членови.

Имено, во член 38 и 39 од Статутот на ФБСМ јасно е пропишано дека Управниот одбор ги формира постојаните и повремени работи тела и дека правата, обврските и одговорностите на работните тела и нивни надлежности се регулирани со посебни Правилници, кој што ги усвојува Управниот одбор на Федерацијата, додека органите на Федерацијата (Собрание, Управен одбор и Надзорна комисија), во ниту една одредба од  Статутот не е утврдено дека функцијата спортски директор е одговорен за нивно правилно функционирање.

Исто така, во изречената дисциплинска казна, Дисциплинската комисија не ги навела битните елементи, кои од моја страна беа произнесени за време на одржаната јавна расправа, пред ДК, со што е прекршен член 34 став 2 од Дисциплинскиот правилник на ФБСМ. Исто така, не беа сослушани подносителите на пријавата и не беше извршено соочување и спротивставување на доказите, што е спротивно на член 34 став 2 од ДП.

Во текот на расправата, не се водеше Записник и не беше одреден Записничар, како доказ за правилното водење на постапката и во која требаше да биде дадена мојата изјава. Со тоа, во целост е прекршен член 36 став 1 и 2 од Дисциплинскиот правилник на ФБСМ, иако од моја страна беше побарано да се води Записник.

Исто така, Пријавата до Дисциплинската комисија арх.број на ФБСМ 65/0202 од 22.02.2019 година, е НЕОСНОВАНА, НЕОБРАЗЛОЖЕНА И ПАУШАЛНА ВО ЦЕЛОСТ. Имено, никаде не се наведува кој член од Глава 2. од ДП на ФБСМ, е прекршен.

ПРЕДЛОГ – ОДЛУКА

Управниот одбор на ФБСМ како второстепен орган, согласно наведеното во жалбата, да ја поништи ОДЛУКАТА бр. 84/0202 од 25.03.2019 година донесена од ДК на ФБСМ.

print