Судија расист во САД натера момче да се шиша пред борбата (ВИДЕО)

Ален Малоуни, контроверзен судија, познат и по расистички испади, предизвика голем скандал во САД.

Малоуни не му дозволи на еден борач да ја почне борбата додека не ја постриже косата. Судијата сметал дека неговата фризура не е пристојна и му рекол да се шиша или нема да се бори.

Младиот борач го исполни неговото барање и ја скрати косата, па ја почна борбата. Џонсон победи, но со солзи во очи ја напушти салата.

По видеото на социјалните мрежи се огласија многу здруженија кои го осудија потегот на судијата и побараа да му биде одземана работната дозвола.

print