Стојчевски и Ивановски од КБК АС освоија 4 медали на ВАКО Гран при во Сараево

Младите кикбоксери на Ас од Делчево освоија четири медали – 3 сребрени и 1 бронзен на ВАКО Гран при 2019 турнирот во Сараево, Босна и Херцеговинатри.

„Ова беше исклучително успешен настап за КБК Ас од Делчево, најмногу поради фактот што нашите претставници Павел Стојчевски и Дилан Ивановски освоија четири медали од кои 3 сребрени и 1 бронзен. Стојчевски медал освои во категориите поинт-фајт за помлади кадети, како и во лајт-контакт, исто така во категоријата помлади кадети (-37 кг). Ивановски бронзата ја освои во лајт-контакт за постари кадети(-42 кг), додека среброто, кое лесно можеше да биде и злато, го освои во кик-лајт за постари кадети (-37 кг)“, изјави тренерот Љупчо Стојчевски, кој и судеше на над 100 натпревари, што е своевиден рекорд за било кој судија во едно натпреварување.

На турнирот во Сараево учествуваа вкупно 95 клуба од 9 земји од Балканот и Европа со вкупно 512 натпреварувачи.

Ipon.mk

print