Стојанов и Џафери во репасажот на ЕП во борење во Сараево, а сите загубија со 10-ки (ВИДЕО)

Андреј Џелеп (-54 кг) од Украина го совлада Мартин Стојанов со 10-0 во осминафиналето на Европското првенство за кадети во Сараево, Босна и Херцеговина, а бидејќи тој се пласира во финалето нашиот борач доби шанса и во репасажот.

Стојанов во репасажот се среќава со Русинот Александар Балтуев.

И Орхан Џафери (-63 кг)беше совладан со 10-0 од Хаџимурат Гаџиев од Азербејџан, но исто така доби шанса во репасажот да се бори со Гиорги Ебалкидѕе од Грузија.

Бајрам Хајдари (-76 кг) исто така забележа пораз од 10-0 од Ерменецот Лјова Геворгјан.

Кадр Камбери (-85 кг) ја доби шансата во репасажот, но немаше многу место за оптимизам, бидејќи зарботи уште една десетка од Украинецот Данило Стасиук.

На ЕП забележавме само една победа, и тоа Давид Мишев со 8-6 против Санто Раписарда од Италија, а се друго е чиста десетка во порази.

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...