Столе Ефтимов освои сребрен медал на Балканското првенство за младинци во Бугарија

Столе Ефтимов го освои сребрениот медал на Балканското првенство во борење за кадети и младинци во Панаѓуриште, Бугарија.

Ефтимов во категоријата до 92 килограми во младинска конкуренција забележа три победи, а во финалето загуби турскиот репрезентативец, кој е и светски вицешампион.

Денеска настапи и Астрит Исмаили кој во борбата за третото место загуби од Грк и не освои медал.

print