Стипе Миочиќ – Даниел Кормиер (ВИДЕО)

Пред реваншот меѓу Стипе Миочиќ и Даниел Кормиер УФЦ на својот канал на Јутјуб објави видео од нивната прва борба.

Миочиќ во јули минатата година во Лас Вегас по четврти пат ја бранеше титула во тешка категорија. Рекордерот во тешка категорија на УФЦ беше поразен од ДК со нокаут пред крајот на првата рунда. На нокаутот му претходеше ударот на Кормиер со прстот во окото.

Миочиќ оттогаш не се борел, додека Кормиер минатиот ноември ја одбрани титулата со победа против Дерик Луис.

Реваншот е закажан за УФЦ 241 во Лас Вегас на 17 август.

print