Стипе Миочиќ: Би го победил Кормиер 9 од 10 пати и сите го знаат тоа

Стипе Миочиќ по губењето на појасот се најде во слична ситуација како и Хозе Алдо.

Иако Миочиќ стана рекордер во тешка категорија на УФЦ со три последователни одбрани на титулата, по губењето на титулата од првакот во полутешка категорија Даниел Кормиер не доби шанса за реванш. ДК на почетокот во ноември ќе ја брани титулата против Дерик Луис, а во редот пред него уште чека и Брок Леснар.

Слично му се случи и на Алдо, кој беше единствениот шампион на УФЦ во историјата на перолесна категорија со седум одбрани на титулата до поразот против Конор Мек Грегор.

Во јули Миочиќ доживеа нокаут во Лас Вегас пред карјот на првата рунда и му го предаде појасот на Кормиер.

„Подобар борец сум од него. Би го победил 9 од 10 пати и тоа беше тој еден пат. И тоа ме ме убива од внатре, бидејќи знам дека сум многу подобар борец од него. И сите го знаат тоа. И тој го знае тоа“, објави Миочиќ на Фејсбук.

print

Можеби ќе ви се допадне...