Стефан Штерјов и Бесир Алили ќе се борат за златните медали „Злати Динев Родев“ – Бугарија (ФОТО)

Стефан Штерјов (-41 кг) и Бесир Алили (-44 кг) утре ќе се борат за златен медал на Межународниот турнир за деца „Злати Динев Родев“ во Галбово – Бугарија.

Репрезентативците на Македонија од Балканец и Лирија во финалето ќе се борат против Грузијци.

„Нашите пионери одлично се спротиставија на борачите кои доаѓаа од државите каде е развиено борењето. Штерјов и Алики во финалето имаат противници од Грузија. Верувам во нивните квалитети и можно е барем еден борач да освои медал што ќе биде рамен на медал од некое европско првенство…“, ни рече тренерот на македоинската пионерска репрезентација, Давор Тасев,

Ова единствен турнир на ОСБ/UWW за деца.

Ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...