Стефан Костовски: Очекувам медал од Европското првенство во Будимпешта

Македонската таеквондо репрезентација од 5 до 8 октомври ќе настапи на Европското кадетско првенство во Будимпешта, Унгарија. Боите на Македонија ќе ги барнат седум репрезентативци – две момчиња и пет девојки.

Во составот на репрезентацијата се: Филип Стаменов – 53 кг, Иво Сандев – 45 кг, Ива Поповска – 51 кг, Сања Поповска – 44 кг, Јована Јанковска – 55 кг, Милјана Пијиќ + 59 и Ања Пејиќ – 59 кг.

„Очекувам да освоиме медал. Се стремиме за највисоки дострели, а шансите се поеднакви, како за нас, така и за другите. Последните неколку години таеквондото е во подем во Македонија, а тоа се покажа и со резултатот на почетокот на оваа година, кога јуниорот Дејан Георгиевски го освои трето место на Европското првенство во Бугарија“, изјави селекторот Стефан Костовски.

Ipon.mk/В.Д.

 

 

print

Можеби ќе ви се допадне...