Сребрени медали за Зекири, Крстев и Тодоров на ЕП во кик бокс (ВИДЕО)

Македонија остана без златен медал на Европсокото првенство за кадети и јуниори во Скопје, откако Азрет Зекири во лајт контакт и Стефан Крстев и  Марко Тодоров во лоу кик беа совладани во финачните борби. Сребрените медали се голем успех за младите кикбоксери и за Македонија.

Резултати од финалните борби на македонските репрезентативци:

-89 кг Азрет Зекири – Владимир Брочета (Србија) – лајт контакт, јуниори 0-3

-48 кг Стефан Крстев – Шамил Адухов (Русија) – лоу кик, кадети 0-3

-54 кг Марко Тодоров – Ердал Караташ (Турција)  – лоу кик, кадети 0-3

Да посетиме дека Азрет Зекири во полуфиналето го солвада Азис Мудров од Хрватска со 3-0, Стефан Крстев (-48 кг) беше подобар од Јакуб Кобус (Полска) со 2-1, додека Марко Тодоров избори директен пласман во финалето.

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...