Србиновски го освои сребрениот медал во Малта, Пешко златниот

Мартин Србиновски го освои сребрениот медал на меѓународен турнир во борење слободен стил во Малта.

До финалето Србиновски извојува три победи, а во борбата за златниот медал загуби.

Тој ги совлада противници од Шкотска 7-3, Англија 4-2 и Малта 5-0.

И нашиот тренер Љубиша Пешко се бореше категоријата до 125 кг и во финалето го совлада Србиновски.

И борачите на Пешко Заур Ефендиев (- 74 кг) и Кевин Макота Стром (-70 кг) се први.

На турнирот настапија борачи  од САД, Англија, Шкотска, Кипар, Србија, Шведска, Малта и Македонија

print