СП на воените сили во борење најголем спортски настан во Македонија

pres-za-voeno-sp-borenje

Македонија од 19 до 25 септември е домаќин на 31. Светско воено првенство во борење на кое ќе учествуваат над 400 спортисти од 32 земји од четири континенти.

behar mahmuti

„Ова е најголемиот спортски настан годинава и ние сме целосно подготвени. Очекуваме врвни резултати како од учесниците од земјите, така и од претставниците на Република Македонија“, истакна државниот секретар во Министерството за одбрана, Елизабета Чуповска Ристова, која е и претседател на Организацискиот одбор на првенството, на денешната прес-конференција во ВИП Арената „СЦ Борис Трајковски“.

Таа нагласи дека реализацијата и организацијата на Светското воено првенство во борење е доказ дека Министерството за одбрана и АРМ се посветени на развојот и негувањето на спортот на припадниците на АРМ.

Македонија, посочи, има голема традиција во овој спорт и затоа сме задоволни што ни се укажа можноста да бидеме домаќини на ова светско натпреварување.

Заменик-началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Мухамет Рацај додаде дека спортските активности се од голема важност за одржување на здравјето и подобрување на индивидуалната физичка подготвеност и издржливост во армиите.

„Овие натпревари се и прилика за стекнување на нови пријателства, како и за продлабочување на меѓусебното почитување и соработка“, рече генералот Рацај.

Техничкиот директор на Светското првенство, Трајче Димков, информираше дека иако станува збор за воено првенство, важат сите правила и прописи на Светската борачка федерација. Тој додаде дека натпреварите ќе се одржат во Вип Арената и Вип мала сала кои се наоѓаат во комплексот на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ и дека на првенството ќе бидат застапени два стила: слободен и грчко-римски.

За квалитетот на военото првенство говори и фактот дека 19 натпреварувачи биле дел и од олимписките игри во Рио, годинава, а неколкумина се и носители на златни медали од олимписките игри и светските првенства. Република Македонија ќе биде претставена од 18 припадници на Армијата, а дополнително од земјата учество ќе земат и три судии и два тренера.

Ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...