Спенс ги обедини титулите во велтер категорија (ВИДЕО)

Ерол Спенс (26-0, 21 КО) ги обедини титулите светски првак во велтер категорија.

Шампионот на ИБФ во борбаа „Стејплс центарот“ во Лос Анџелес со поделена одлука на судиите (116-111, 111-116, 115-112) го совлада шампионот на ВБЦ Шон Портер (30-3-1, 17 КО).

 Во напната и рамноправна борба, Спенс го собори Портер со кроше во 11.рунда.

Со оваа победа ја отвори вратата за борба со легендарниот Мани Пакијао.

Дејвид Бенавидез (22-0, 19 КО) си ја врати титулата шампион на ВБЦ во суперсредна категорија која му беше одземена пред една година поради позитивен тест на кокаин. 22-годишниот мексиканско-американски боксер доминираше во вториот дел од борбата и аголот на 12 годишни постариот Ентони Дирел ја прекина борбата во 9-тата рунда.

Марио Бариос (25-0, 16 КО) ја освои испразнетата титула на ВБА во суперлесна категорија, победувајќи го со едногласна одлука Батир Ахмедов (7-1, 6 КО). Иако на Русинот двапати му броеја, во 4 и 12 рунда, беше подобар во повеќе рунди, но на крајот судиите мечот го бодуваа 115-111, 116-111, 114-112 за Бариос.

print