Спектакуларно издание на Детската бокс лига во Прилеп

Во недела во Прилеп се одржува четвртото коло од Детската боксерска лига на Македонија и за прв пат ќе се одржи на отворено во центарот на градот.

Ова ќе биде едно од најспекаткуларните кола досега, бидејќи се одржува на отворено и се очекува огромен број на гледачи да ги следат најмладите боксери, а најборбениот пар добива специјлана награда, додека останатите ќе бидат наградени за настапите. По борбите е предвиден заеднички ручек за сите учесници, нешто што треба да стане пракса во Детската лига. За сето ова ќе се погрижи БК АС од Прилеп, а под покровителство на пицеријата Хепи и Марфил Прилеп, со почеток во 12 часот.

Учеството за 4.коло во Детската лига го пријавија следните клубови: Ас – Прилеп, Аперкат – Скопје, Чаир – Скопје, Пинк Пантер – Штип и Пелистер – Битола.

„Целта ни е да ја подигниме свеста на младите спортитсти да се занимаваат со спорт и да ги избенат модерните пороци. Активно да тренираат бокс со единствена цел во иднина да се изградат како личности и да станат олимписки или професионални боксери. Овие млади боксери да влезат со искуство во кадетска конкуренција, а не да им биде прва борба. Така ќе имаме изградени боксери до сениорска конкуренција кои квалитетно ќе ја претставуваат Македонија. На овој настан ќе имаме признание за најборбен пар. Наши гости ќе бидат моите репрезентативни колегиа: Вели Мумин – легендата на боксот во Македонија , Фатон Салиху – мојот репрезативен колега кој на Европското првенство за кадети во Битола 1997 година го освои златниот медал, а јас бронзениот медал“, вели Дарко Чатлески од БК Ас кој се надева на добра организација и ги повикува љубителите на боксот да присуствуваат на овој настан.

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...