Спасеновски, Идризи, Османи и Мусљији – балкански шампиони, 10 медали за Македонија

Четири златни медали од пет финалиња за нашите каратисти на вториот ден од Балканското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Дубровник, Хрватска. Балкански шампиони се: Петар Спасеновски, Доан Османи, Абдурахим Идризи и Омер Мусљији. Само Смилковски Столе не успеа да го освои златниот медал со што ќе ставеше печат на вториот ден со пет злата, дека Вегим Мурати не успеа во борбата за бронзениот медал, загуби 0-1 од Владимир Брезанкиќ (Србија).

Македонските репрезентативци денска освоија 9 медали – 4 златни, 1 сребрен и 4 бронзени, а вчера освоија 7 медали – 1 златен, 1 сребрен и 5 бронзени. Вкупно Македонија освои 16 медали (5-2-9) и е на третата позиција по бројот на освоени медали за Србија со 28 (10-4-14) и Турција 21 (8-5-8).

Вчера медалите освоија: У-21 борби -61 кг Вероника Костовска – златен, У-21 кати – Матеа Талеска – бронза, У-21 борби -50 кг Верона Ајдини – бронза, У-21 борби -55 кг Сара Крстевска – бронза, јунири кумите -53 кг Марија Милева – бронза, јуниори ката Марко Бунтески – сребрен и Александар Неделковски – бронзен.

Резултати
Kадети
-63 кг
Омер Мусљији – Тимон Адамиќ (Словенија) 1-0
Омер Мусљији – Кенан Мемишевиќ (БиХ) 4-0
Омер Мусљији – Марио Петре (Романија) 3-1
Омер Мусљији –Омер Сахити (Косово) 2-0
Финале
Омер Мусљији – Бугра Генџан (Турција) 2-1

Јуниори
-55 кг
Абдурахим Идризи – Никола Лазовиќ (Србија) 4-3
Абдурахим Идризи – Јаков Фембер (Хрватска) 3-0
Абдурахим Идризи – Марко Михајловиќ (Србија) 3-0
Финале
Абдурахим Идризи – Мухамед Сумар (БиХ) 3-0

У-21
-60 кг
Смилковски Столе – Елдин Хајдарпашиќ (БиХ) 3-0
Смилковски Столе – Милош Радојевиќ (Србија) 3-3
Смилковски Столе – Ристе Цветков (Македонија) 2-0
Финале
Смилковски Столе – Ненад Дуловиќ (Црна Гора) 2-4

-75 кг
Доан Османи – Енес Булут (Турција) 3-0
Доан Османи – Андрија Мариќ (Србија) 3-0
Доан Османи – Марин Бркиќ (БиХ) 6-3
Финале
Доан Османи – Владимир Лапчевиќ (Србија) 2-0

-84 кг
Петар Спасеновски – Самед Гок (Турција) 1-0
Петар Спасеновски – Ренато Ресетар (Хрватска) 5-0
Петар Спасеновски – Нтерос Анастасиос (Србија) 1-0
Петар Спасеновски – Бојан Јовановиќ (Србија) 5-0
Финале
Петар Спасеновски – Хамза Цајиќ (БиХ) 1-0

Ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...