Спаринг за нови успеси на бронзената Анамарија Георгиевска и златната Надица Божаниќ од Србија (ФОТО)

Најдобро и најбрзо се напредува кога се мериш и учиш од најдобрите.

Нашите таеквондисти кои се во подем на светската сцена викендов направија исчекор напред – тренираа и спарингуваа со најдобрите. На покана на Таеквондо клуб Бутел во Скопје дојдоа Југослав Насташиќ, селектор на јуниорскта репрезентација на Србија, заедно со неговите најдобри борци Надица Божаниќ (-62 кг), актуелна јуниорска светска шампионка и нејзиниот брат Душан Божаниќ (-68 кг), носител на бронзениот медал од Светско првенство за јуниори.

Да нагласиме дека Србија е една од помоќните светски репрезентации во таеквондо.
На спаринг тренинзите присуствуваа повеќе клубови на Македонската таеквондо федерација (МТФ).
Она што најмногу се очекуваше, што е од голема корист, беа спаринзите меѓу Анамарија Георгиевска од Бутел, освојувач на брозениот медал од СП во категоријата до 59 кг и светската шампионка Надица Божаниќ, која се смета за голема олимписка надеж на Србија.

Селекторот Југослав Насташиќ кој во последнава година направи резултатски бум во врвното олимписко таеквондо за овие тренинзи и соработката рече:

„На враќање од камп во Грција поминавме и до Македонија во најтрофејниот клуб ТК Бутел, кој во последните години бележи врвни резултати. Многу сум задоволен од изработените спаринзи со квалитетните македонски натпреварувачи и се надевам дека оваа соработка ќе продолжи. Морам да го пофалам се повисокото ниво на македонското таеквондо кое се потврдува на големите натпреварувања со освојување на светски и европски медали. Искрено и посаакувам да истраат на тој пат“.

Ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...