Сојуз на спортови на град Скопје: Бошко Заборски е најдобар тренер!

bosko-i-skiper-so-priznanieto

Карате тренерот на Макпетрол, Бошко Заборски, е добитиник на признието на Сојуз на спортови на градот Скопје за најдобар тренер, кој денеска ги додели признанијата „13 Ноември“ по повод денот на ослободувањето на главниот град.

site-dobitnici-na-13-noemvri-na-ssk

Признанието за животно дело го добија Мето Спасовски и Мирко Илиевски, додека маратонецот Томи Стефановски ја доби наградата за најдобар спортист. Сојузот на спортови му врачи признание и на ракометниот шампион Вардар за остварените резултати во домашното првенство, СЕХА-лигата и Лигата на шампионите.

Фоторепортерот Денис Дуковски беше добитник на признание за најдобра спортска фотографија на ИХФ, а меѓу останатите добитници на признанието „13 Ноември“ се и, судиската двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, спортската редакција на МРТ, професорот по физичко образование во ОУ „Гоце Делчев“, општина Илинден, Благоја Митровски, спонзорот на ЖКК „Бадел“, Љупчо Павловски и претседателката на Виз-ер Скопскиот маратон, Тања Панделевска.

Ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...