Соочување на Вајлдер и Ортиз во Њујорк (ВИДЕО)

Дионтеј Вајлдер (39-0, 38 КО) и Луис Ортиз (28-0, 24 КО) би требало, во вториот обид, да се борат на 3 март во Њујорк.

Првата битка што беше закажана за ноември беше откажана откако 38-годишниот Кубанец падна на допинг-тестот, а Американецот го одбрани појасот на ВБЦ во тешка категорија со нокаут во првата рунда против Бирмејн Стиворн.

Вајлдер против Ортиз по седми пат ќе ја брани титулата на ВБЦ.

Двајцата нокаутери се најдоа на претставувањето за Шоутајм чемпионшипс боксинг во соработка со ПБЦ.

Со нив во друштво беа и други боксерски ѕвезди чии настапи беа најавени на таа телевизија: Дани Гарсија, Џермел Шарло, Жермел Шарло, Мики Гарсија, Ерисланди Лара, Адриен Бронер, Кит Турман, Лео Санта Круз, Абнер Марес и Ерол Спенс Јуниор.

.

print

Можеби ќе ви се допадне...