Ситичаи во одлична борба со Грегоријан го освои турнирот, Артем Вахитов е новиот шампион во полутешка категорија (ВИДЕО)

artem vakhitov - saulo

Ситичаи Ситсонгпеенонг во Париз и го освои и вториот турнир на предизвикувачите на Глори во Франција.

Откако уште еднаш беше подобар од Давид Кири во полуфиналето, Тајланѓанецот во бескомпромисната звршница дојде втората победа во неговата кариера над К-1 шампионот, Марат Грегоријан. Ерменецот во полуфиналето доминираше над Анатолиј Моисеев. Ситичаи во следната борба за Глори би требало да се сретне со шампионот во лесна категорија Робин ван Ромсален против кого е ограбен во првиот меч.

Русинот Артем Вахитов по 5 рунди го победи Саул Калавари и стана новиот шампион во полутешка категорија. Се очекува дека појасот треба да го брани против Гокан Саки кога Турчинот ќе се опорави од повредата. Вахитов така на најдобар начин му се освети на Бразилецот за поразот минатата година во Дубаи.

А напната битка на работ на инцидент одработија Муртел Гроенхарт и Седрик Думбе, а на крајот славеше на Французинот.

Американецот Ксавиер Вгнеи со судиска одлука го совлада домашниот борец Фреди Кемајо, додека Џејсон Вилинс беше подобар од Филип Верлинден. Сергеј Адамчук ја одбрани титулата во перолесна категорија против Мосаб Амрани.

https://youtu.be/fXTmrGNZ544

print

Можеби ќе ви се допадне...